Со сопругата живеевме во лага 30 години: Нашата ќерка направи ДНК тест и цел живот ни се урна како кула од карти

Животот пишува романи, а ние честопати немаме поим што тој крие и остануваме во целосен шок кога ќе дознаеме некои факти. Така еден брачен пар по триесет години ја дознал погубната вистина за своето дете кое го воспитале со љубов.

Имено, пред триесет години, благодарение на една клиника за плодност, Џенин и Џон Харви конечно го добиле своето прво дете, а нивниот живот ќе беше прилично едноставен доколку Џесика не одлучеше да патува во Европа.

- Со сопругот побаравме помош во клиниката за плодност пред 30 години. Навистина сакавме да станеме родители. Се договоривме за процедура на вештачко оплодување во која требаше да се користи генетскиот материјал на мојот сопруг. Сепак, д-р Николас Спиртос, без наше знаење, користел сперма на странец, изјави Џени Харви од американската сојузна држава Охајо на виртуелна прес-конференција, а нејзиниот сопруг Џон Мајк Харви застана пред камерите со неа, пренесува  „NY Post“.

Речиси три децении, тие живееле во верувањето дека Џесика е нивна биолошка ќерка, се додека таа не направила ДНК анализа пред нејзиното патување во Европа во 2020 година. Тоа го направила затоа што сакала да ги посети далечните братучеди на нејзиниот татко во Италија на патувањето низ Европа, бидејќи Џон е со италијанско потекло, но никогаш не ги истражувал своите корени. ДНК тестот би ѝ помогнал на Џесика полесно да ги лоцира, но следел шок.

- ДНК тестот покажа дека имам ирски, англиски, германски, велшки и француски корен. Ниту трага од Италијанец - изјави Џесика.

Кога се смириле, таа решила да ги искористи резултатите од ДНК тестот за да го пронајде својот биолошки татко.

Нејзините адвокати ангажирале експерти и на крајот успеале да најдат човек чиј генетски материјал се совпаѓа со оној на Џесика. Тој кажа дека на почетокот на 90-тите донирал сперма со цел д-р Спиртос вештачки да ја оплоди неговата сопруга, истиот ден кога семејството Харви ја направило таа процедура во истата клиника.

Се огласија и од клиниката за која работи д-р Спиртос и рекоа дека овие обвинувања ги сметаат за многу сериозни.

- Се уште не сме се сретнале со семејството Харви и не сме го направиле нашето тестирање. Бараме ограничени информации и се надеваме дека адвокатите на семејството ќе соработуваат со нас за да ги преземеме понатамошните неопходни чекори - изјавија од „Summa Health Systema".

Овој, речиси филмски случај, ги остави сите во шок.

„Не можам ни да замислам низ што минуваат моите родители“, рекла Џесика.

Семејството Харви сака да го искористи својот случај за да ги охрабри американските федерални власти подобро да ги контролираат клиниките за вештачко оплодување.


Извор: zena.blic.rs