Собираат пари Јелена Карлеуша да не им пее: Полемки за настапот на контроверзната ѕвезда на „Роштиљада“ во Лесковац

Нема ниту една „Лесковачка роштиљада“, ниту пак други настани на кои се појавуваат познати имиња од естрадата, без полемики во јавноста за тоа кој настапува, за колку пари и дали овие средства може да се потрошат на подобар начин од испланираниот.

Минатата година контроверзна беше Светлана Цеца Ражнатовиќ, а годинава Јелена Карлеуша. Веднаш штом градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ најави дека популарната ЈК со свој концерт на 22 август ќе го отвори традиционалниот фестивал на скарата, почна дискусија дали е тоа вистинскиот начин да се трошат средствата од градскиот буџет.

Настапот на Карлеуша ќе чини 20.000 евра, а надлежните истакнаа дека тоа се многу помалку пари во однос на хонорарот што го бараа некои нејзини исто толку популарни колеги.

Лесковчани лани покренаа петиција парите уплатени на Светлана Ражнатовиќ, која исто така настапи на првата вечер од 32-годишниот туристички настан, да се пренасочат кон лекување на болни деца, а наводно оваа година ќе се покрене иницијатива Лесковчани со свои придонеси да соберат износ во договорениот хонорар кој ќе и го понудат на Карлеуша, но не да пее во градот на Ветерниците! Доколку ја одбиела оваа понуда, собраните пари би биле исплатени за хуманитарни цели.

-Политиката секогаш стоела зад ваквите полемики и предлози. Секогаш има такви кои се обидуваат да направат скандал од се, а во тоа сесрдно им помагаат медиумите, како што беше случајот во времето на поранешната власт, кога настапот на Горан Бреговиќ на една од новогодишните ноќи ги исполни весниците со денови, а уште тогаш се предлагаше неговиот хонорар да биде насочен кон сиромашните или болните - велат дел од Лесковци кои се сеќаваат на „случајот Бреговиќ“ со поентата дека ваквите настани се „креирани за евтина демагогија“.

Официјално зад тоа стои желбата забавната програма на „Роштиљада“ да биде подобра, по „културна“ и по можност поевтина. Во Туристичката организација на Лесковац (ТОЛ), пак, посочуваат дека жителитте и нивните гости имале можност да уживаат во настапите на најголемите естрадни имиња во последните години, а за исправноста на нивната одлука сведочи и големата посетеност на концерти на фолк, забавна и рок музика.

- Се трудиме да задоволиме различни вкусови и досега успеавме во тоа. Навикнати сме на вакви критики, но на сите најдобар одговор даваат посетителите кои по правило концертниот простор го исполнуваат до последното место. Убеден сум дека така ќе биде и овој пат - вели Небојша Коциќ, директор на ТОЛ.


фото: Инстаграм