Софија Лорен и Џеј Ло сложни: Состојка која ја имаме дома го забавува стареењето
Постои извор на младостa, a го сочинуваат вашиот ум, таленти и креативност што ги внесувате во вашиот живот и во животот на луѓето што ги сакате. Кога ќе научите да пиете вода од тој извор, бидете сигурни дека ќе го победите стареењето, изјави легендарната Софија Лорен, која оваа година наполни 87 години и никогаш не била подложена на пластична операција или иботокс. Но, она што заедно со нејзиниот талент и креативност и помогнаа да изгледа младешки цел живот беше маслиновото масло.
- Јас сум голем љубител на органско, девствено маслиново масло. Јас го користам секој ден во исхраната, но и за нега на кожата, поточно како хидратантна дневна крема, наместо ноќен крем и млеко за тело. Богато е со антиоксиданси, особено витамин Е, кој го забавува процесот на формирање на брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина - изјавила Лорен, која отсекогаш важела за една од најубавите жени во светот.
Во состојката која сите ја имаме дома се колне и Jенифер Лопез, која влезе во петтата деценија а нејзината кожа изгледа се посјајна и еластична. Никогаш не користела ботокс, а за маслиновото масло го рече следново:
- Пробав сè, и козметика од аптеки и најскапи креми на светот, но секогаш се враќам на тајните што ми ги откри мајка ми кога бев млада. Маслиновото масло е лек за кожата, косата, ноктите… Тоа е магична состојка од природата. И навистина, тоа и го дава на кожата тој волшебен сјај - изјавила во рекламното видео од нејзината колекција за убавина, кое, погодивте, содржи производи базирани на маслиново масло.Извор/Фото: https://stil.kurir.rs/ / profimedia