Софтверската компанија Ендава на нова локација во Скопје со нов и модерен простор за вработените на повеќе од 3.200 м²

Добивај вести на Viber

Cushman& Wakefield|FORTONMKA посредуваше во процесот на реализација на трансакцијата

Британската реномирана компанија Ендава која брои повеќе од 10.000 вработени на глобално ниво, наскоро ќе се пресели во нов канцелариски простор во Скопје. Како една од водечките компании во сферата на информатичката технологија (ИТ), Ендава повеќе од 20 години е посветена на реализирање на успешни проекти и вложување на време и труд во создавањето на работна култура во која луѓето ќе можат да бидат најдобрата верзија на себеси.

Следејќи ги најсовремените “ИТ” трендови, на повеќе од 3.200 м², вработените во Ендава ќе ги уживаат најновите технологии и платформи за работа. Новата работна средина за вработените на оваа компанија ќе биде „Палата Кан“ под Калето.

„Палата Кан“ е домашна инвестиција на компанијата Веселинов Кан Конструкција и е пред сѐ со деловна намена. Станува збор за најмодерниот бизнис центар во кој се имплементирани највисоките стандарди за градба. Вградените системи и материјали се од последната генерација во секоја категорија. Зградата изобилува со дневна светлина; ориентирана е на четири страни, со кровна тераса од 1.000 м² и приватни тераси  на секој кат со воодушевувачки погледи кон реката Вардар и околината.

„Палата Кан“ располага со над 9.000 м² А класа канцалариски простор, кантина и сопствен паркинг простор.

„Моја искрена желба е искуството стекнато низ работата на бројни проекти во Швајцарија за клиенти како што се HSBC Bank, NESPRESSO, United Nations, Nestle, UEFA, Merck, Philip Morris да го пренесам на домашниот пазар. Палата Кан е резултат на долгогодишна работа, визија за креирање на белег во државата во која што сум роден и израснав. Верувам дека создадовме повеќезначен пулсирачки простор, исполнет со светлина и свежина.“ – изјави за Фактор Борко Веселинов, сопственик на „Палата Кан“.

Трансакцијата со која  Ендава се смести на нова локација е направена во соработка со  компанијата за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијални недвижности Cushman&Wakefield |FORTONMKA.

„Како архитект, сметам дека Палата Кан ги редефинира критериумите за А-класа бизнис центри на нашиот пазар. Поставен во центарот на Скопје, доживеан низ динамиката и енергијата на реката Вардар, бизнис центарот е идеален за компаниите да го привлечат и задржат најталентираниот кадар. Како одговорна за работењето на Cushman&Wakefield|FORTONMKA, особено сум благодарна за укажаната доверба од двете страни и можноста овој проект да биде во нашето портфолио.“ – изјави Катарина Николов, оперативен директор на компанијата.

За Cushman&Wakefield|FORTONMKA минатата година беше успешна на деловен план во рамките на секој сектор, а особено во сегментот на канцелариски простор. Во овој дел се направени 11 трансакции со вкупно издадена површина од 12.000 м². Така, како резултат на посредувањето од страна на професионалците од Cushman&Wakefield|FORTONMKA, нови работни просториии за своите вработени обезбедија голем број звучни деловни имиња меѓу кои Microsoft, Philip Morris, Ericsson, Polar Cape, SoPro и Singular. 

ПР објава