Сопругата на Слоба Радановиќ го покажа трудничкиот стомак: Пејачот и Јелена уживаат во нивната луксузна вила
Јелена блеска во ова издание, па нема сомнеж дека ужива во бременоста
Пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена Ѓуричанин наскоро ќе го добијат своето прво заедничко дете, додека таа од претходниот брак има два сина.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја следеше двојката за време на шопинг во главниот град на Србија, а во таа прилика снимија дека на Јелена веќе ѝ се гледа трудничкиот стомак.
Сопругата на пејачот за прошетката облече хеланки и кратка маица под која се гледаше трудничкото стомаче. Популарниот пејач, инаку, се гушкаше со сопругата Јелена и нејзините две деца во Вишњичка Бања во Белград, далеку од метежот и вревата на градот.
Слоба и Јелена го избраа овој простран имот токму поради локацијата, бидејќи пејачот призна дека не ја сака градската гужва, а истиот имот го нашол на идеална локација, која има дури и затворен базен. Тоа задоволство, пишуваат медиумите, го чинело близу половина милион евра.
Извор: telegraf.rs