Сопругата на Тозовац по неговата смрт: Со него изгубив дел од животот

Нивната љубов започна пред околу четири децении, на прв поглед, а Тозовац и Мима стапнаа на лудиот камен пред четири месеци.

По неговата смрт се огласи Мима и скршена од болка едвај проговори.

- Немам веќе сила да зборувам. Изгубив дел од мојот живот со него. Ова е моментот кога не можам повеќе… Ве молам, кажете им да не ме повикуваат, бидејќи немам сила да разговарам - рекла таа, јавуваат српските медиуми.

За жал Тозовац не издржа повеќе, подолго време се лекуваше од коронавирусот од што и почина.

Легендарниот пејач неодамна направи интимна прослава во својот дом и се ожени со својата сакана Мима, а за неа секогаш зборуваше со жар. 

Со завидната кариера која траеше скоро 60 години, Предраг Живковиќ- Тозовац можеше само да биде бескрајно горд, но само едно нешто никогаш не беше направил, барем не на свои 84 години. Токму на дочекот на новата година, на 31.12 2020 година, ја побара за жена својата љубов Мима со која беа заедно скоро 40 години. 

„Го поминав скоро половина од мојот живот со неа. Таа е многу трпелива, добра мајка, добра пријателка, има внука, па затоа е и добра баба. Но, пред сè, таа беше пријател и поддршка во мојот живот. Еднаш сонував дека умре, па гушкајќи ја и лелекајќи на глас во сон викав: „Зошто ме остави, со кого да живеам сега?“ Внимавајте, тоа е најискрената реченица што човек може да ја изговори во сон. Всушност, најубавата љубовна песна ѝ ја кажав тогаш", зборуваше легендарниот пејач за Мима.

извор:GLOSSY