Сопругите на фудбалерите на Барселона ѝ се потсмеваат на Шакира: Ѝ дадоа прекар поради начинот на кој го третирала Пике
Нови детали за животот на Шакира и Жерар Пике излегуваат на површина секој ден по нивното раскинување, кое се случи пред неколку недели.
Шакира минува низ ужасен период, а дури сега се појави информација дека колумбиската пејачка никогаш не била примена во соблекувалната на Барса. Имено, Шакира воопшто не им се допаѓала жените на ѕвездите на Барселона, меѓу кои и Антонела Рокузо.
Антонела и другите девојки на играчите на Барселона се дружеле со Нурија Томас, девојката на Пике додека тој не ја запознал Шакира.
Шпанските таблоиди тврдат дека Антонела исто така имала потсмешен прекар за Шакира. Имено, тие ја нарекувале „Шефица“ поради начинот на кој таа се однесувала со Пике.
Инаку, и самата Шакира никогаш не била премногу заинтересирана да им се придружи на останатите девојки на играчите на Барселона, па не чуди зошто често била мета на озборувања.
Извор: zena.blic.rs