За првпат во јавност по разделбата од Пике: Шакира во совршена летна комбинација на прошетка со децата (ФОТО)
Шакира од неодамна е во центарот на вниманието по раскинувањето со долгогодишниот партнер Жерар Пике, со кој има два сина.
Пејачката Шакира е под будното око на јавноста, особено откако се најде во центарот на скандалот по раскинувањето со фудбалерот поради неговата наводна прељуба.
Сончевите денови ги искористи за прошетка низ Барселона со синовите Милан и Саша, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание.
фото:EMILIO UTRABO / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA
Многумина би се одлучиле за патики и комбинација на спортска облека за долги и напорни прошетки по угорницата, но не и Шакира.
фото:EMILIO UTRABO / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA
фото:EMILIO UTRABO / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA
Оваа дива избра комбинација во која можете да се појавите насекаде и секогаш да бидете забележани. Таа облече тексас шорц кој го искомбинира со сина кошула, а носеше чизми до глужд со подебела потпетица што привлече најголемо внимание како одличен избор за лето.
фото:EMILIO UTRABO / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA
Кошулата и чевлите се украсени со цвеќиња, а светло сината боја одлично се совпаѓа со тенот на Шакира, но и со долгата црвеникава коса.
извор:GLOSSYфото:PROFIMEDIA