Сопругот на Сара Џесика Паркер усмртил мајка и ќерка, па рекол дека не се сеќава на ништо

Сопругот на познатата Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, актерката Сара Џесика Паркер, актерот Метју Бродерик зад себе има турбулентно минато, па малкумина знаат што направил.

Во 1987 година, за време на одмор во Ирска, тој по грешка преминал на спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар во кој загинале Ана Галагер и нејзината мајка Марагерт Доерти. Ќерката имаше 28, а мајката 63.

Метју поради несреќата имал скршено ребро и потрес на мозокот. По несреќата тој во разговор со полицијата рече дека воопшто не се сеќава на сообраќајката.

- Единствено се сеќавам дека се разбудив во болница и дека имав чудно чувство во ногата - изјавил актерот во полиција.

Меѓу другото, Бродерик тврдел дека страдал од делумна амнезија, за подоцна да ја признае вината. Иако тој е главниот виновник за несреќата, наместо пет години затвор, поради невнимателно возење е осуден на 175 долари.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик се венчаа во мај 1997 година. Сара не се омажи во венчаница, туку во црвен фустан. На новинарско прашање зошто не е во бело како сите жени на овој свет, таа рече дека се срами да носи бело.

Пет години подоцна, тие го добија синот Џејмс Вилки. Со помош на сурогат мајка во 2009 година ги добија близначките Лорета и Табита. Инаку, тие двајца важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.


Извор: (Telegraf.rs)

Фото: Profimedia/MJ Photos / Shutterstock Editorial