Сопружници сами си го реновирале домот: Фотографиите пред и потоа оставаат без здив

Сопружниците кои сами целосно го реновирале целиот дом и станаа инспирација за многумина, често споделуваат видеа за уредување на куќи на својот Инстаграм профил.

Со доаѓањето на пролетта и убавото време, многу луѓе сакаат да променат нешто во својот дом. Понекогаш е доволно да замените неколку плочки и целосно да го освежите просторот. Експерти за реновирање на куќи се Бен и Беки, кои речиси целата работа ја вршат сами. Тие решиле да го реновираат домот што го наследиле од бабата на Беки пред неколку години и создале прекрасна оаза на мир.

Имено, тие го реновирале целиот дом, а резултатите го воодушевија целиот свет. Според странските медиуми, се смета дека ова е една од најубавите трансформации на станбен простор, за која се одговорни сопствениците.

View this post on Instagram

A post shared by Renovating Love Lane (@renovating_love_lane)

Имаат неверојатни идеи кои ги спроведуваат во дело и благодарение на нив создаваат место за живеење како од бајка. Кога луѓето ќе ги погледнат фотографиите од стариот и новиот дом - едноставно остануваат без зборови. Тие се воодушевени од резултатот и тоа што за него се заслужни Бен и Беки, а не професионални занаетчии.

View this post on Instagram

A post shared by Renovating Love Lane (@renovating_love_lane)

Дневната соба била прва во редот. Изгледала заробена во времето, а криела многу спомени.

- Ја сакам оваа соба, тоа е прекрасна светла просторија низ која наутро сјае сонцето. Баба ми помина толку многу време читајќи и гледајќи го светот како минува во оваа соба“ - рече Бен и додаде дека требало малку да се освежи.

View this post on Instagram

A post shared by Renovating Love Lane (@renovating_love_lane)

Им се допаднало што е пространа и светла, а ја претвориле во прекрасен простор во кој го поминуваат поголемиот дел од своето време.

Планот за ходникот бил да се внесе малку повеќе светлина, како и да се стават ефективни плочки на подот.

View this post on Instagram

A post shared by Renovating Love Lane (@renovating_love_lane)

Кујната била аголна, па решиле да пробијат еден ѕид и да ја поврзат со дневната соба за да добијат повеќе простор.

Ефектот што го постигнале е одличен! А, кујната станала место каде со задоволство ги подготвуваат омилените оброци и поминуваат убави семејни моменти.

Старинската бања во бебешко сина боја со текот на времето добила нов сјај, во комбинација на пудра розова, бела и боја на дрво.

По многу труд и работа добиле дом како од магазин. Уживаат во секој негов дел, кој е беспрекорно уреден.

Преовладуваат пастелни и златни бои, а посебно место во куќата има стариот камин кој го сочувале. Токму тој му дава специфичен шарм на целиот простор.

Како ви се допаѓа оваа трансформација?

фото: Принтскрин / Инстаграм