Состојбата на Џастин Бибер е нетипична за млад човек: Доктор Горан објасни сѐ за фацијалната пареза, симптомите и причините (ВИДЕО)
Цел свет му пружи поддршка на 28-годишниот пејач, Џастин Бибер кој објави дека ги откажува сите турнеи во наредниот период поради парализа на лицето.
Еден од најпознатите македонски доктори, доктор Горан објасни зошто е нетипично ваква парализа да се јави кај толку млад човек.
Видеото на Џастин Бибер:
Кој тип на ова заболување го има Џастин Бибер, се уште не е познато но синдромот Рамзи Хант е невролошка болест која најчесто произлегува од сериозните последици од инфекцијата со вирусот Херпес Зостер. Овој вирус ги парализира нервите на лицето и формира пликови на надворешното и внатрешното уво, во близина на носот и устата.
Меѓу најчестите симптоми на синдромот Рамзи Хант се парализа на мускулите на лицето на страната погодена од минлива или трајна инфекција; осип и плускавци околу увото; вртоглавица која трае со денови или недели; губење на слухот, кое може да биде трајно или делумно или целосно да се излечи; промени во чувството на вкус; болка во увото.
Третманот на синдромот Рамзи-Хант варира во зависност од типот на дијагнозата, зашто постојат три типа на вирусот. Третманот од првиот тип, на пример, е симптоматски по природа и се земаат лекови за напади и епилепсија. Што се однесува до вториот тип, сепак, третманот на кожните лезии е обично едноставен и не одзема многу време, додека парализата на фацијалниот нерв ќе бара специфични третмани со лекови, вежби и масажи. Конечно, терапијата индицирана за третиот тип на Рамзи-Хант синдром е од фармаколошка и физиотерапевтска природа, но не гарантира целосно обновување на подвижноста на раката.