Совет за домаќинките: Еве како треба да се чува лубеницата

Добивај вести на Viber

Лубеницата се состои од 92% вода, и затоа е идеална да се јаде во лето, исто како дињата. 

Важно е да знаеме како правилно да ја чуваме лубеницата, без разлика на големината, за таа подолго да трае, да не се исуши и да не го загуби сочниот и благ вкус.

Треба да ја исечете и да ѝ ставите проѕирна фолија во фрижидер. Така, ќе спречите таа да се исуши, да прими мирис од други намирници во фрижидерот.

Исечената лубеница треба да се изеде за 3-4 дена најмногу.

Едно парче лубеница ви обезбедува 25% од потребната доза витамин Ц. Витаминот Ц пак е важен за забите, имунолошкиот систем и му помага на организмот за заздравувањето на раните.

Лубеницата во себе содржи ликопен кој можете да го најдете во доматите и пиперките. Тој ја штити кожата од оштетувањата кои настануваат од Сонцето. Едно парче лубеница во себе содржи, 18,16 мг ликопен. Освен тоа, ликопенот е важен за кардиоваскуларниот систем, како и за коските.