Совети за долг и среќен живот од баба Ванѓа: Верувала дека овие работи се пресудни за добро здравје (ВИДЕО)
Се уште никој не ја открил тајната на долгиот живот! Некои мислат дека е многу важно да избегнувате многу стрес, да се храните здраво и да бидете физички активни, додека други сметаат дека сето тоа е прашање на судбина!
Јасновитката Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како баба Ванѓа, до крајот на животот се придржувала до одредени работи, бидејќи верувала дека тие се пресудни за добро здравје. За неа природата била најдобриот лек!
Нејзините совети за долг и здрав живот се следниве:
-Не прејадувајте се - тоа доведува до сериозни болести од кои страдаат сите органи.
-Не пушете цигари.
-Одете боси во текот на летните месеци. На овој начин ќе ја зацврстите врската со „Мајката природа“.
-Сакајте се себеси и правете добро.
-Научете да одмарате правилно. Денот е за работа, а ноќта за спиење. Легнете најдоцна до 22 часот, а станувајте во 5-6 наутро.
-Јадете пченица натопена во вода еднаш неделно. Ова го прочистува телото.
-Јадете 'ржан леб за одржување на здравјето.
-Повеќе активност и повеќе работа. Мрзеливоста е болест која ги уништува и телото и душата.
-Не се капете во премногу топла вода.