Совршен аксесоар за зима: Како оваа сезона се носи предимензиониран шал!

Добивај вести на Viber

Зимата и температурите под нулата се на чекор од нас, а овие додатоци ќе ве стоплат и ќе донесат спокојство во мрачните денови.

Енормно големи, долги, предимензионирани шалови се „must have“ парче и оваа зима. Овој аксесоар ќе биде во фокусот и оваа сезона, а освен што ќе не загрее во постудените денови, ќе го заокружи секој стајлинг и ќе внесе ведрина во тмурните денови.

Овој додаток лесно се вклопува во секој стил. Одлично ќе оди со патики и спортски стил, но и со елегантни комбинации.

Во тренд се еднобојните светли бои, но и оние со впечатлив принт. Ваше е да го изберете моделот кој најмногу ви се допаѓа.

Шаловите се омилен моден детаљ на речиси сите трендсетерки, а токму тие ни дадоа одлични идеи како да ги стилизираме оваа зима и есен. Погледнете ги фотографиите и пронајдете инспирација за вашиот следен стајлинг.

Сè попопуларниот начин на носење на овие шалови ќе ја нагласи половината и целосно ќе го трансформира стајлингот. Ставете го шалот преку рамо, а потоа прицврстете го на половината со ремен и ќе го добиете овој интересен изглед. 

Или само превртете го шалот преку едното рамо. Ќе изгледате апсолутно шик. 

Направете пончо од шал. Мора да признаете дека изгледа интересно. 

И оваа сезона од модниот трон не се симнуваат плетените шалови. Нема да најдете ништо потопло. 

Со помош на шал во јаки бои, стајлингот за миг ќе добие поинтересна нота. 


Фото: pinterest