Совршен избор за освежување во летните денови - Грчки тип на јогурт Грекос

Добивај вести на Viber

Во педесетите години на минатиот век Медитеранската исхрана е дефинирана како најдобра врз основа на навиките на населението во Крит во тој период. Оваа исхрана е позната по своите здравствени придобивки и е една од најздравите во светот, а летото е идеален период за медитеранска исхрана, па аковеќе сте одлучиле да го започнете овој стил на живот, задолжително во Вашата исхрана внесете го Грекос грчки тип на јогурт. Без разлика дали уживате во мирно утро дома, се подготвувате за на работа или можеби сте покрај море, уживајте во Медитеранот со секоја лажица Грекос и дозволете неговиот автентичен вкус да ве пренесе до бреговите на енергичните кулинарски традиции. Грекос грчки тип на јогурт е достапен во практично пакување од три големини – 150гр, 400гр и 700гр. Мазната и кремаста текстура, како и богатиот и освежителен вкус го прави совршен избор за збогатување на секој појадок, ужина или вечер. Ви предлагаме еден брз и здрав рецепт за убав и енергичен ден.

Тост за појадок со грчки тип на јогурт Грекос

Потребни состојки

2 парчиња тост леб од цело зрно

1/2 чаша грчки тип на јогурт Грекос

1/3 краставица, тенко исечена

1 варено јајце

1/2 авокадо


Подготовка

Потпечете ги парчињата леб од цело зрно и рамномерно намачкајте со грчкиот тип на јогурт Грекос . Врз едното парче леб намачкано со Грекос - ставете ги парчињата краставица, јајцето исечено на кругови и парчињата авокадо. Одозгора ставете го другото парче леб од цело зрно.

Овој тост збогатен со грчки тип на јогурт Грекос е брз и хранлив начин да го започнете денот!

На здравје!