Совршен стајлинг на мајка и ќерка: Принцезите од Монако елегантни во црно од глава до пети!

Добивај вести на Viber

Елеганцијата и едноставноста што ќерката на холивудската дива Грејс Кели ја нагласува со своите модни избори долги години, се одрази и на нејзината 35-годишна ќерка, Шарлот Казираги. Славното дуо го потврди ова со нивните церемонијални изданија во оперската куќа Монте Карло.

Монегаската принцеза Каролина и нејзината наследничка Шарлот Казираги се појавија на доделувањето на награди на Здружението Prince Pierre во речиси идентично издание во знакот на светкави, црни фустани. 

Како нов амбасадор на модната куќа Шанел, 35-годишната Шарлот редовно се гледа во креации со потпис на францускиот бренд, што беше случај и овој пат. Шарлот носеше светкав, црн фустан со копчиња и нагласени рамена со ремен со истакнато лого на Шанел и големиот хит оваа сезона - чевли со потпетици на платформа. 

И принцезата Каролина се одлучи за црн фустан, кој беше украсен со цветен дезен. За нејзиното издание да биде поинтересно, таа додаде ѓердан со ефективен приврзок, како и црни сандали со пердуви. 


Фото: Профимедиа

Оваа жена старее достоинствено: Принцезата од Монако го покажа најголемиот тренд за коса за зрели дами - елегантно и бесплатно