Спаѓаат во посебна група среќници: 4 хороскопски знаци кои ќе се збогатат во 2023 година според индискиот хороскоп

Добивај вести на Viber

Индиските астролози предвидуваат голема среќа и богатство за четири хороскопски знаци кои следната година ги очекуваат големи промени.

1. Бик

Транзитот на Јупитер ќе минува низ вашата 11-та куќа до 22 април 2023 година и ќе ви донесе исклучително поволен период за започнување нов бизнис, вложување во кариерата и запознавање со влијателни и моќни луѓе кои ќе го препознаат вашиот потенцијал.

Тоа време се карактеризира и со зголемување на богатството, штедење кое не ви тешко бидејќи ќе инвестирате и ќе ги зголемите тие пари. По 22 април, Јупитер се сели во вашата 12-та куќа на тајните, па можни се неочекувани трошоци, па навреме направете добар план на буџетот за следната година.

2. Девица

Вие ќе бидете вистински среќници следната година. До 22 април, Јупитер ќе поминува низ вашата 7-ма куќа на полето на пријателство, што ќе ви донесе свадба и влегување во брак. Тоа ќе биде прекрасен период за соработки со компании од странство и било кој вид договори ќе бидат многу добри за вас. 

И по 22 април 2023 година ќе останете меѓу среќниците, само фокусот ќе се префрли кон стекнувањето пари. Во овој период играјте безбедно и избегнувајте ризик, бидејќи само така ќе успеете во вашиот план.

3. Стрелец

Подгответе се за подобрување и напред во сите области на животот. Ова особено се однесува на условите за живеење, па многу е можно да купите поголем и поубав стан или куќа, само внимавајте да не влезете во спор со семејството поради тоа. Секаков вид на купување недвижен имот до 22 април ќе биде успешен се додека Јупитер транзитира низ вашата 4-та куќа.

Бидете внимателни на полето на кариерата и избегнувајте да вложувате пари во сомнителни проекти. По 22 април ќе имате потешкотии со децата, а клучот за надминување на проблемите е искрената комуникација и разбирањето. После 22 април играјте лотарија, постои веројатност да добиете огромна добивка.

4. Водолија 

Транзитот на Јупитер низ вашата втора куќа до 22 април може да ви донесе зголемување на богатството и можност да заработите преку дополнителна работа која претходно ви била хоби. Посветете се на семејството, особено на децата и обидете се да го „гледате“ светот од нивна гледна точка за подобро да ги разберете.

Внимавајте на вашето здравје и променете ги навиките, особено кога станува збор за исхраната. Што се однесува до периодот по 22 април, обидете се да избегнете конфликти на работа. Бидете особено внимателни на кого му се доверувате, за тоа да не стигне до вашите шефови. Затоа е најдобро да ја држите устата затворена и никогаш да не им се доверувате на колегите кои можат да го искористат тоа против вас.