Спенџарска искрено: Не сонувам да се омажам и да имам деца, туку да бидам финансиски независна и да го прошетам светот
Водителката Јелена Спенџарска, важи за личност која е искрена до срж буквално секогаш. Често поради некои изјави знае да добие критика, но и одобрување.
Во последната објава на социјалната мрежа инстаграм , таа пишува дека во овој момент нејзина животна желба не е да се омажи или да има деца. Таа не сонува ни за венчаница, а она што сега го посакува е да биде финансиски независна и да го прошета светот.
„Не сонувам дека треба да се омажам. .. или да имам деца што побрзо. Мислам, се е тоа убаво ако ми се случи спонтано и во свое време ама моментално не е мојата животна желба. Повеќе посакувам да бидам финансиски независна и да можам да го прошетам светот. Да ја изрентам секоја куќа која ќе ми се допадне и да живеам во неа се додека ми е убаво таму. Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене. Можеби повеќе се имам замислено во комбинации кои ќе ги носам кога сум опкружена и работам со деловни луѓе кои мотивираат со своите бизнис идеи и ја живеат својата финансиска слобода !“ , пишува Јелена.
Таа додава дека нејзините соништа се само нејзини и не очекува другите да имаат исти како нејзините.
„Генерално, не сонувам за ништо за кое ме научиле дека треба да сонувам. Моите соништа се само мои. Не ни очекувам другите да имаат исти како моите и веќе ми е смачено да гледам како на жените им се продаваат една те иста приказна.
Не има толку многу жени, има толку многу соништа за секоја од нас.... време е да престанеме да сонуваме еден ист!!!!', дополнува Спенџарска во објавата на Инстаграм.
Леле колку си грда: Јелена Спенџарска искрена за коментарите кои ги добива во инбокс