Здравје // Совети
Спласнуваат бројките на новозаразени: Дали ќе се олабават рестриктивните мерки
Само 30 регистрирани од ковид19 во последните 24 часа бележат здравствените власти во државата.
Новиот број на лица заразени со ковид е потврден со 1.658 тестови во претходните 24 часа, а 1,81 процент од испитаните биле позитивни. Починати пак 16 лица.
Досега, 5.184 лица починаа од коронавирус во Македонија, дијагностицирани се 154.524, а 5.913 се активни.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 359 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 143,427.
Дали падот на бројките ќе донесе нови олеснителни мерки?
Кризниот штаб наредната недела ќе одлучува по ова прашање.