Моден фокус // Стил Профил
Спој на традиција и мода: Мароко како непресушна инспирација
Зинеб Брител е дизајнерка со потекло од Казабланка која заедно со Лаура Пијол го формираа брендот „Зун“ и инспирирани од традиционалните обувки на Мароко лансираа нова колекција чевли кои се спој на естетика и ориент во едно.
Од минималистички дизајн во неутрални нијанси со плетени детали, до рафинирани и елегантни модели украсени со перли, па се до рачно изработени сандали во различни бои и текстури.
Дизајнерките остварија соработка со голем број жени од Мароко, кои им го пренесоа занаетот стекнат од своите мајки и баби, а токму уникатните модели се претпоставува дека ќе придонесат за успех на светско ниво