Спонзоруша на мака, сака да го тужи поранешното момче: „Ми купи автомобил, ми плати одмор, па ме остави на цедило!“

Жената чие поранешно момче, додека биле во врска, ја финансирал за да има „живот на висока нога“, сега сака да го тужи, бидејќи тој повеќе не го прави тоа!

Нормално е партнерите да споделуваат се‘, вклучително и пари, иако ова често е тема на конфликт. Една жена, ненавикната на луксуз, по врска со богат маж сака да го тужи затоа што повеќе нема да ѝ дава пари!

Таа побара од луѓето на социјалните мрежи совет и мислење дали има основа да го тужи поранешното момче, кој ги игнорирал нејзините повици во кои таа сака да бара пари од него.

„Тој ми го подобри животот. Не го барав тоа, тој беше заљубен. Ме пресели во прекрасна област, луксузно ја намести мојата куќа, ми купи Ауди Q5, плати одмор за мене и моите пријатели. Јасно дека тој беше богат, но јас не барав ништо од ова. Тој го направи сето тоа сам“.

Сепак, три години подоцна, парот раскинал, но тие останале во контакт, се‘ додека таа не отишла да му бара пари.

„Време е да го обновам осигурувањето на автомобилот, а тој не одговори на моите пораки. Ми плаќаше кирија за три месеци оддеднаш. Кога дојде време да ја платам киријата, ги игнорираше моите повици. На кратко, ме изневери", рече таа, жалејќи се.

„Проблемот е што јас никогаш не сум побарала да бидам во оваа ситуација. Мојот општествен круг се промени, мојот живот се промени, мојот став се промени и сите околу мене ми велат да го продадам автомобилот или дел од мебелот и да се преселам во станот во кој живеев. Тоа е како злоупотреба. Зошто да страдам затоа што богат човек ме сакаше? Имам работа, продавам чевли и торби ... но немам доволно за да ги платам сметките", додала жената.

Потоа, таа ги праша луѓето дали има основа да го тужи поранешното момче, а нејзиниот пост стана хит откако беше објавен на Редит, каде што луѓето и рекоа дека е „смешна“.

„Зошто воопшто би го тужела, затоа што ти дал премногу пари?", „Продади ги луксузните работи и престани да лелекаш", „Најди работа, живеј поскромно, живеј како што можеш. Тоа се негови пари, а не твои“, и пишуваат луѓето ...


Фото: freepik

Поради него ја сменив верата, мене и децата нѐ шутна и се вери со инфлуенсерка: Љубовната драма на славниот фудбалер