Спречена катастрофа: Потерата на папараците по Хари и Меган потсети на трагедијата на Дијана (Фото)
Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера беа бркани од фотографите додека се возеа во нивниот
автомобил по хуманитарниот настан одржан во Њујорк, при што е спречена
голема катастрофа. Овој инцидент што градоначалникот на Њујорк и
канцеларијата на парот го опишаа како потенцијално опасен, бидејќи ги разбранува сеќавањата за сообраќајната несреќа која се случи во 1997 година во
која загина мајката на Хари, принцезата Дијана.
Со помош на полицијата, парот на крајот се извлекол од хаосот и успеал да влезе во автомобилот, пренесува Еуроњуз. Ситуацијата била до толку застрашувачка што припадник на обезбедувањето кој ги штити принцот Хари и Меган оценил дека „хаотичната“ потера во Њујорк во која учествувале фотографи - папараци можела да заврши со смрт.
-Тие беа загрозени во неколку ситуации. Можеше да биде фатално. Во еден момент лимузината во која беа Хари и Меган беше блокирана и почнаа да сликаат, се направи невиден хаос, едвај успеавме да излеземе, изјавил Санчез и додал:
Да се биде познат не значи дека некој треба да настрада, а пример за ова е мајката на Хари, Дијана, заклучил тој.
Покрај тоа тие биле следени од две возизла црна Хонда Акорд и постара сива Хонда ЦР-В.
Њујоршката полиција денес соопшти дека полицајците му помогнале на приватното обезбедување кое ги штитело Меган Маркл и принцот Хари.
-Имаше голем број фотографи кои можеа да предизвикаат вистински неред, рече портпаролот на њујоршката полиција Џулијан Филипс, истакнувајќи дека „Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа безбедно на нивната дестинација притоа немаше пријавени судири, повици, повреди или апсења.
Ова е еден од поголемите инциденти што се случил откако е во брак со Меган. Принцот Хари отворено зборува за безбедноста на неговото семејство, а честопати го споредува третманот на неговата сопруга со оној како била третирана неговата мајка Дијана, па доста скандали кои се случиле периодов го потсетуваат токму на тоа време.
Фото:Profimedia