Спремни за лето: Го откривме совршениот начин за трајно ослободување од несаканите влакна без болка

Добивај вести на Viber

Несаканите влакна се вистинска ноќна мора за секоја жена, па затоа жените постојано се во потрага по брз, ефикасен и пред сѐ безбеден начин за нивно отстранување. Во потрагата по совршениот начин за отстранување на несаканите влакна познатите жени во светот ја открија IPL технологијата претставена преку револуционерниот производ  Philips Lumea кој веќе некое време е достапен на нашиот пазар. 

Многу познати жени од Македонија, предводени од популарната стилистка Милена Танаскоска, неодамна во најмодерниот продажен салон на „Нептун“ во Ист гејт мол имаа инспиративно дружење каде заеднички се уверија во еден факт - Philips Lumea дава брзи и неверојатни резултати. Вниманието на присутните најмногу го привлече новиот Philips Lumea 9000 Series IPL со технологија SenseIQ, уред што го препознава вашиот тип на кожа и препорачува идеален интензитет на третман прилагоден токму за вас. Ова значи дека можете да ги отстраните влакната од најчувствителните области без страв, иритација, оштетување на кожата и без болка. Совршено! 

Летото е на прагот. Затоа „Нептун“ заедно со Fashion Group ги повикува сите девојки и жени да ги испробаат Philips Lumea уредите и да се уверат во нивниот квалитет. Наминете во продавниците на Women’secret и Fashion&Friends во Ист гејт мол и Скопје сити мол, набавете го омилениот костим за капење и дојдете во „Нептун“ за безгрижно лето со нежна и мазна кожа.

ПР објава