СПУТНИК V УШТЕ НЕ Е ОДОБРЕНА ОД ЕМА И СЗО: Некои од земјите на ЕУ дозволија влез

Добивај вести на Viber

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека на странците вакцинирани против корона вирусот со руската вакцина Спутник V треба да им се дозволи влез во Европската Унија.

Почнувајќи од понеделникот, Унијата почна да дозволува влез за сите туристи кои се вакцинирани со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација, ниту една од нив сè уште не ја одобрила руската вакцина.

-Дискутираме за ова прашање во ЕУ, треба да го следиме здравиот разум. Дури и ако станува збор за вакцини кои не се признати на европскиот континент, имам слобода да кажам дека тоа се очигледно вакцини и затоа не треба да се пречка за движење меѓу континентите или во овој случај да се посети европскиот континент “, рече Санчез на заедничката прес-конференција со аргентинскиот претседател Алберто Фернандез во Буенос Аирес, на прашањето дали Шпанија ќе им дозволи на Аргентинците кои се вакцинирани со Спутник V да влезат во земјата.

Детали читајте на Фактор, тука.