„Среќна 11-ка, принцу мој!“: Порасна синот на Андријана Јаневска (ФОТО)

Поголемиот син на пејачката виолинистка и професор на ФМУ, Андријана Јаневска денеска слави роденден.

Димитар полни 11 години, а по тој повод Јаневска на социјалните мрежи испрати емотивна порака.


„Среќна 11-ка, принцу мој! Расти спокојно и безгрижно, уживај во секој ден од детството!“ - напиша Андријана на Фејсбук.

Од хармоничниот брак со музичарот Гино, пејачката ги има синовите Димитар и Кристијан. 

Инаку Андријана е опасно згодна мајка. Таа е меѓу најактивните пејачки на социјалните мрежи и секојдневно споделува фотографии како и поминува летото.

Со секоја објава Јаневска привлекува внимание посебно ако е во бикини а на нејзината фигура на телото сме сигурни дека ѝ завидуваат помлади од неа.





На витката фигура ѝ завидуваат и помлади од неа: Еве каде ужива деновиве Андријана Јаневска