На витката фигура ѝ завидуваат и помлади од неа: Еве каде ужива деновиве Андријана Јаневска

Пејачката Андријана Јаневска деновиве ужива во Мала Преспа. 

Не може а да не ја искоментираме нејзината фигура на телото на која сме сигурни дека ѝ завидуваат помлади од неа.

Со секоја објава Јаневска привлекува внимание посебно ако е во бикини.

„Кај моите пријатели, Македонците во Мала Преспа, Албанија. Благодарение на професорката Катерина Тодороска почнав да го истражувам овој крај пред 8 години, а во меѓувреме толку ми прирасна за срце, што почнав да доаѓам секоја година. Недопрена природа, превкусен крап, пријатна клима и најдобри домаќини. Нормално, многу е важно да имате локални пријатели кои ќе ви кажат каде да прошетате, што да видите, што да јадете. Фала на другар ми Edmond Sotir за гостопромството“- напиша Андријана на Фејсбук.




фото: Фејсбук/Инстаграм