Српската пејачка Сања Малетиќ се породи на 52 години: По неколку неуспешни ин витро оплодувања, роди девојче

Добивај вести на Viber

Пејачката Сања Малетиќ (52) се породи и роди девојче. Со години се бореше за потомство, а сега и се исполни најголемата животна желба и доби ќерка.

Гордите родители решиле наследницата да се вика Вања, и да го носи презимето на нејзиниот татко - Стефановиќ. Како што пренесуваат тамошните медиуми, мајката се чувствува одлично, а бебето при раѓањето добило највисоки оценки.

Пејачката неколку пати помина низ процесот на ин витро оплодување и јавно проговори на оваа тема.

- Се‘ додека дишам, се‘ додека има некаква шанса од Бога и природата, тука сум и нема да се откажам. Јас и мојот сопруг се обидовме неколку пати, не успеа. Во денешно време животот е брз, човек нема време да плаче и да се разболи кога ќе се врати од болница, туку веднаш мора да продолжи понатаму и да ги заврши другите работи, другите обврски – откри еднаш пејачката и обелодени што ѝ е најтешко. .

Сања Малетиќ истакна дека поради обврски и работа заболела од болест на тироидната жлезда, поточно Хашимото.

- Добив болест на тироидната жлезда, а со неа и бесплатно ја добив Хашимото, која е тешка аутистична болест. Јас и господинот Јапонец разговараме. Кога имам обврски, тогаш наутро се договараме за се‘. Важно е психолошки да се приспособиш и како се однесуваш, односно јас сум повторно шеф. Колку и да е сериозна болеста, има надеж.

Хашимото тироидитис е состојба во која има намалено ниво на производство на тироидни хормони Т3 и Т4. Како резултат на намалувањето на имунолошкиот систем, се јавува воспаление на тироидната жлезда бидејќи намаленото ниво на имунолошкиот систем развива антитела кои ги напаѓаат клетките на тироидната жлезда.

Накратко, Хашимото значи зголемување на тироидната жлезда со нејзината намалена функција.

Двете фази на Хашимото тироидитис, т.е. хипертироидизам и хипотироидизам, може да бидат индикација за спонтан абортус и голем број негативни ефекти врз фетусот како што се предвремено породување, абрупција на плацентата и хипертензија. Карактеристично е што спонтани абортуси се случуваат во првиот триместар од бременоста.

- Проблемот е што не можеш детално да им објасниш на луѓето. Но, кога, на пример, ќе дојдете на шоуто да му оддадете почит, а еден ден претходно сте имале неуспех во болница, тешко е да се смеете, а имате неуспешна борба зад вас. Проблемот е што немате време да го преболите и да се каете. Генерално, целта ве одржува позитивни. Тоа е најубавата можна цел што човек може да си ја постави. Мора да бидете добри, насмеани, мирни, нежни и тивки. Потоа се движиш, не размислуваш за работите кои се на страна и само газиш напред – изјави во неодамнешно интервју за „Нова“ Сања Малетиќ.

Инаку, името Вања има длабоко значење „она што е испратена од Бога“, „жена која е Божја сила и благодат“ како и „она што е почитувана и сакана“.

Како што пренесува „Курир“, поради долготрајната борба за потомство, во бременоста не сакала премногу да зборува за тоа, а тоа било и причината за нејзиното повлекување од јавноста во последната година.


Фото: Youtube - screenshoot