Српскиот заводник не е повеќе сам: Која е девојката на Биковиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Милош Биковиќ е миленик на многу дами, но таа успеа да го освои неговото срце по неколкуте „љубовни бродоломи“.

Љубовниот живот на актерот Милош Биковиќ со години предизвикува голем интерес кај публиката, а неговите романси со Бранкица Себастијановиќ, Ања Алач, Саша Луш, Барбара Таталовиќ и Аглас Тарасов беа многу популарни, но, изгледа ниту една не беше вистинска.

По неодамнешното раскинување со руската танчерка Арина Волошин, актерот неколку месеци беше сам, а потоа ја запозна девојката од Бар, Ивана Малиќ, со која започна врска.

Тие најпрвин заедно се појавија на премиерата на „Јужен ветер 2“, каде беа првпат забележани заедно, а сега Ивана ја сподели првата заедничка фотографија со актерот како потврда дека љубовта цвета.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)


Милош во оваа прилика не се огласи јавно, но јасно е дека не ја крие својата нова девојка од јавноста.

Многумина Ивана ја споредуваат со манекенката Барбара Таталовиќ со која Биковиќ помина повеќе од две години.

Повеќе фотографии од Ивана:

извор:GLOSSY
фото:instagram