Српските фолкери веќе закажале настапи за дочек на Нова година: Цеца ќе заработи за два помали станови во Белград, а останатите?

Иако има повеќе од два месеци до Нова 2023 година, пејачите од соседството наводно веќе закажале настапи за најлудата вечер, па многу од нив од еден концерт ќе заработат и по неколку десетици илјади евра.

Прославата на 2023 година значително ќе се разликува од претходната, бидејќи пејачите очигледно добро ќе запечалат.

Како што се пишуваше неодамна, значително пораснаа цените на „обичните“ тезги, а со тоа и новогодишните, кои обично се неколкукратно повисоки.

Саша Матиќ договорил новогодишна тезга во Виена со брзина на светлината, но наводно за неа нема да наплати 50.000 евра како лани, туку десет илјади повеќе.

Аца Лукас до крајот на годината ќе има бројни настапи меѓу кои и концерт во Белградска Арена, а годината успешно ќе ја заокружи со новогодишен концерт во луксузен хотел во главниот град, наводно за 80.000 евра.

Во завршна фаза на преговори за дочекот е и Ацо Пејовиќ, кој наводно годинава ќе наплати 80.000 евра.

Наташа Беквалац пред четири дена се врати од американската турнеја и веројатно затоа сѐ уште не го прецизирала местото на настапот, но како што открива извор близок до пејачката, по 31 декември таа ќе биде побогата за 40.000 евра.

Трендот со цените го следи и Александра Пријовиќ, па вредноста на нејзиното појавување во празничната ноќ годинава наводно скокнала на 40.000 евра.

Милица Тодоровиќ резервирала место во познат клуб во Штутгарт, а за вечерта наводно ќе заработи 25.000 евра.

И покрај се, Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму е рекордерка. Како што е познато, пејачката и годинава, кога ќе закаже концерт за дочекот на новата година, наводно ќе наплати ангажман во износ од 100.000 евра, колку што е приближно вредноста на два помали стана во Белград.


Извор: информер.рс