СТАРЕЕЊЕ ИЛИ НЕШТО ДРУГО: Зошто се јавува седа коса?
Многу експерти веруваат дека постои врска помеѓу стресот и седите влакна. Во 2013 година Универзитетот во Њујорк објавил студија каде што е објаснето дека глувците добиваат седи влакна токму поради стресот. Иако нема многу докази за оваа теорија, постојат многу анегдоти кои ја потврдуваат.
Aко ви недостига витаминот Б12, можно е да се појават седи влакна.
Постои истражување кое ја покажува поврзаноста на пушењето и седата коса, а повеќето пушачи имаат и брчки.
Па, доколку видите дека рано ви се појавуваат бели влакна, а тоа не било случај и во вашето семејство, тогаш треба да посетите лекар и да ја откриете вистинската причина за оваа појава.
Појавата на седата коса понекогаш е поврзана со здравствени нарушувања, како што се на пример проблемите со тироидната жлезда.