Стари билборди на ПроКредит Банка преточени во уникатни торби
Во свет кој се бори со прекумерниот отпад и еколошките предизвици, реупотребата на старите производи е светла надеж кон одржлива иднина. Па водена од идејата за почист свет и зелена иднина, ПроКредит Банка повторно застанува во одбрана на животна средина.
Потврдувајќи ја иновативноста во своето работење, ПроКредит Банка одлучува да ги зачува платната од своите стари билборди и неместо во отпад, да најде начин како тие да бидат реупотребени во наменски производи, а со тоа да се продолжи нивниот век и да се намали штетното влијание кон животната средина.
Па така, доаѓа до идејата да оствари соработка со архитектката Елена Пазарџиевска Ристовска и од билбордите да бидат созадени уникатни торби.
„Секоја реупотреба претставува успех за нас. Нашата цел е нашата мисија секојдневно да се отсликува во нашето работење. Затоа се обидуваме на секаков можен начин, преку проекти и креативни идеи да ја пропагираме потребата од зелена иднина. Навистина сме среќни што најдовме нов начин како да го намалиме отпадот, а при тоа да ја заштитиме животна средина“, истакнаа од ПроКредит Банка.
Оттаму нагласија дека ги радува фактот што со овој проект, преку кој се креирани преку 30 рачни торби и торби за велосипеди, се покренува свест за рециклирањеи заштита на животната средина.
Архитектката Елена Пазарџиевска Ристовска, која е заслужна за создавањето на уникатните торби, упатувајќи пофални зборови за дејствувањето на ПроКредит Банка,нагласи дека таа е нивен долгогодишен соработник и една од ретките банки која меѓу првите започнала со различни поттикнувачки проекти во контекст на заштита и зачувување на животната средина.
„Искрено се надевам дека ова е само почеток на една соработка, која ќе продолжи и во иднина. Исто така се надевам дека тие со својата маркетинг кампања „Пример за одговорност“ ќе ги поттикнат и другите македонски компании да поддржат локални иницијативи кои дејствуваат во насока на зачувување на животната средина“, наведе Пазарџиевска Ристовска, осврнувајќи се на соработката со ПроКредит Банка.
Во изминативе 20 години Банката посветено работи на проекти кои носат одржлива иднина и на тој пат одбира соработници со кои ќе чекори заедно кон истата цел. Како и многупати досега, преку креативни идеи, банката ја потврдува својата мисија.
ПР објава