Стартува проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“

Добивај вести на Viber

Во Скопје денеска ќе се одржи воведен настан за започнување на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, заедно со Здружението на бизнис жени од Република Македонија.

Проектот WE MAKE е финансиран преку ИПА програмата и се спроведува во текот на целата 2018 и дел од 2019 година, со времетраење од 16 месеци. Организациите спроведувачи активно ќе реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Општата цел на проектот е да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество.