Стартува специјалната акција на Д ФЕСТИВАЛ - РАН КОРМОРАН!

Добивај вести на Viber

Д ФЕСТИВАЛ, единствениот летен open-air фестивал кај нас ја продолжува својата традиција и оваа лето, со своето осмо издание по ред, кое ќе се одржува од 6-ти до 8-ми јули во Дојран, а од денеска (среда, 7-ми март) стартува и специјалната РАН КОРМОРАН акција за првите, најповолни билети за фестивалот! Со оваа продажна акција Д Фестивал и годинава ја наградува довербата на првите и свои најверни посетители, кои ќе имаат прилика да ги набават фестивалските билети по најповолните цени и тоа:

ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ (три дена, без кампување) – 600 денари;
ALL-INCLUSIVE БИЛЕТ (три дена, со кампување) – 650 денари.
(*двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма)

Покрај тоа, сите оние кои ќе ги купат своите билети во рамки на оваа акција (до 14-ти март), стануваат и потенцијални добитници на специјално подготвените подароци од Д Фестивал кои на најсреќните четворица посетители ќе им донесат различни поволности на Фестивалот како бесплатен автобуски превоз, посебно организирани Д Фестивал дружби, подароци, ваучери и други изненадувања за незаборавен Д ФЕСТИВАЛ. Оваа фаза од Ран Корморан акцијата ќе се спроведува САМО ОНЛАЈН И САМО ДО СРЕДА 14-ТИ МАРТ, а добитниците на подароците ќе бидат објавени во понеделник 19-ти март на официјалната Facebook страница и веб-страницата на Д Фестивал.



Подгответе се за новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ и бидете навистина брзи, бидејќи траењето на акцијата и бројот на овие влезници се строго ограничени. По завршувањето на акцијата, односно од четврток, 15-ти март започнува и стандардната продажба на билетите во сите продажни места на МкТикетс.

Со секогаш квалитетна програма, четири музички бини, фестивалски камп и изобилие од настани во дополнителна програма типична за големите фестивали ширум светот, а единствена по својот концепт кај нас, Д Фестивал својата уникатност ја потврдува и во меѓународни рамки со номинациите за најдобар фестивал на најпрестижните фестивалски признанија во Европа. Последното издание на Д Фестивал го одбележаа одличните настапи на повеќе од 60 извонреди музички уметници од светската, регионалната и домашната сцена, како и рекордниот број на посетители кои воедно беа и најголемиот дел од туристичките посетители кои ја одбележаа летната сезона во Дојран. Со големината и разновидноста на програмата која го слави фестивалскиот дух на слобода и во која секој може да најде нешто за себе, но и да открие нешто ново, како и интересот кој го привлекува овој настан, Д Фестивал без сонмеж е едно од најзначајните културно-туристички случувања кај нас.

Придружете ни се и следете ги сите новости за Фестивалот и на официјалниот „Фејсбук“ настан, бидејќи многу скоро ќе бидат објавени и првите артисти и гости од програмата за Д ФЕСТИВАЛ 2018.