Стартуваше второто издание на кампот на Реал Мадрид Фондацијата во Охрид

Добивај вести на Viber

Вториот интернационален камп на Реал Мадрид Фондацијата вчера и официјлно беше отворен во Охрид. Добредојде на децата им посака носителот на лиценцата Влатко Тодев и менаџерот на Реал Мадрид Фондација, г-динот Карлос Касиљас Санчез .

 "Драго ми е што сме овде во Македонија и што со нашите тренери од Мадрид, Хуан Андрес Гонзалес и Жоакин Валерио ќе Ви пренесеме дел од фудбалското искуство кое ќе ви овозможи нови знаења. Ќе учиме фудбал, а секојдневно преку едукативните предавања ќе ги имплементираме и основните вредности кои се темел на работата на нашата Фондација. Тоа се лидерство, тимска и напорна работа, почит и самоконтрола." изјави Санчез.

Нашите мадридисти се сместија во хотел " Аквалина", подготвени за ново искуство тие ја добија и својата оригинална опрема од Реал Мадрид. Денот им започна со индивидуалнон и групно фоторгафирање, а според правилата на Фондацијата, беше одржано и првото предавање на тема лидерство. На отворањето беше прочитано и писмо од општина Охрид во кое се изразува поддршката и реализација на визијата која кон овој камп ја даде прерано починатиот градоначакник Стојаноски.

Со тренинзи тимот на тренери од Шпанија стартуваше во попладневните часови, со традиционалните тест натпревари за согледување на квалитетот со кој располага секој кампер одделно. Децата се поделени во групи според возраст и според фудбалското искуство кое го поседуваат

Се гледаме на „кралско“ доживување во Охрид!