Статус на денот: Не ѝ требаат нејзе ѓердани, цвеќиња, парфеми.. Ако не знаеш да ѝ ја помирисаш душата
Денес е 8-ми март. Празник на жената.
Покрај честитките кои ги среќаваме на сите страни, на социјалните мрежи вирален е еден статус напишан од Ружица Матлиеска, самохрана мајка и хуманитарец од Струга.
Бидејќи многумина се на ист став и мислење како неа, решивме и ние да му дадеме простор на нејзиниот статус:
„Велат… Идел 8 ми март.. Ами ако.. Нека си иде… Што фајде и од него..Ден ко ден… Ќе протрчаат низ дуќанчиња.. Ќе изнакупат.. Еден тон…Што ќе собира прашина..
Не и требит нејзе ѓердани, парфеми.. Ако не знајш да и ја помирисаш душата…
А бре… Да и се скриеш зад врата… И да ја заграбаш… Онака нерасонета… Па да истуриш еден тон бакнежи… По лице, на коса, на срце… Ете то е 8 ми март…
Не и требит нејзе црвило… За лицето да и свети… Не и треба фустанче.. За да се смешкат со тебе…
И требаш … Ти.. Не да трчаш ко поулавен… Што да купиш… Оти таа купена е еднаш… Треба само да ја погледнеш
И да знаеш… векот брзо мине...“ - напиша Ружица на Фејсбук!