Стил на денот: Александра Пријовиќ во одлична лежерна комбинација за прошетка покрај плажа

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Пријовиќ, се покажа како кралица на црвениот тепих и празнични прилики, па не е изненадувачки што и нејзиниот секојдневен начин на облекување е беспрекорен, а сега ни покажа дека изгледа одлично дури и во најобичните изданија!

Александра моментално престојува на црногорското приморје, каде што работи вредно, но успева да се опушти и во друштво на сопругот Филип. Пејачката сега го покажа својот стил за прошетка покрај крајбрежјето. Имено, таа позираше во кратки бели шорцеви и ефективни влечки, а сè комплетираше на одличен начин - со шарена и импресивна маица, што на целокупниот нејзин изглед му дава автентична нота.



Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ