Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ана Ивановиќ во лежерна комбинација која е како создадена за овој период
Ана Ивановиќ полека станува вистински моден инфлуенсер. Во последно време таа често објавува модни комбинации на Инстаграм, кои за кратко време добиваат стотици лајкови, а под фотографијата може да се најдат голем број комплименти.
Овој пат таа реши да ни покаже како изгледа совршена лежерна комбинација. Таа избра ленено здолниште со миди должина и кафеав кроп топ.
Целиот стајлинг го заврши со патики, кои на целокупниот стајлинг му дадоа лежерна нота. И зелената чанта совршено се вклопува.
Овој изглед на Ана е пример дека понекогаш едноставните комбинации се многу подобра опција и дека нема потреба да се претерува со додатоците.
Фото: Инстаграм/Ана Ивановиќ