Стил на денот: Брижит Макрон во комбинација која подмладува
Изминатите неколку дена низ улиците на Париз владееше музика, а бројни концерти се одржаа и во дворот на Елисејската палата, официјалната резиденција на францускиот претседател. Емануел и Брижит Макрон учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на музиката цел ден и уживаа во настапите на разни музичари.
За време на поздравниот говор на претседателот, првата дама беше облечена во класична елегантна комбинација во која често ја гледаме.
Таа комбинираше миди бел фустан, но за вечерните концерти се одлучи за многу понеформално издание.
Да не беше белата јакна, би можеле да речеме дека имаше спортска комбинација. Носеше обична бела маица и црн дуксер под сакото. Црните фармерки не се невообичаен избор за Брижит, која обожава да носи фармерки, но таа изненади со изборот на патики што вообичаено не ги носи во официјални прилики.
Сепак, полесно е да танцувате во удобни чевли отколку во потпетици, а претседателот и првата дама едноставно не можеа да одолеат на инфективните ритми што ги држеа на нозе до доцна во ноќта.
Оваа посекојдневна и помалку сериозна комбинација со додавање на спортски парчиња ја подмлади првата дама.
Фото: Profimedia