Стил // Стил на денот
Стил на денот: Цеца за роденденот скоцкана како холивудска дама, блесна во зелена тоалета
Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 48 роденден и сите со нетрпение чекаа да видат во што ќе се појави.
Пејачката секогаш се грижи за стајлингот, па за оваа пригода одбра зелен фустан со процепи на половината, ја врза косата во опаш и облече беж салонки што сега се во тренд.
„Добра вечер“, рече Цеца расположена и насмеана цело време, па им позираше на фотографите.
На роденденот на Цеца дојдоа бројни пријатели и познати пејачи од српската естрада, а главен меѓу присутните беше и нејзиното момче Богдан Срејовиќ.
Фото: Инстаграм