Стил на денот: Добитна едноставна летна модна комбинација во режија на Јелена Спенџарска
Нема идеја што да облечете денеска - инспирирајте се од водителката Спенџарска
Откако со своето момче се пресели во Солун, познатата македонска водителка Јелена Спенџарска постојано споделува фотографии преку кои открива како го поминува времето таму. Освен убавините на Солун, таа преку фотките ги покажува и својот префинет вкус за мода.
Ретко кога греши, а многу често може да ја видиме и во секојдневни спортски комбинации. Една таква решивме да издвоиме, и да ве инспирираме што да облечете денеска.
Ленените панталони во комбинација со едноставна бела маичка на прерамки се секогаш одличен и удобен избор. За да го разигра целиот изглед, Спенџарска додаде и качкет, како и тренди очила за сонце.
Белите патики ги искористи го заокружи целиот изглед, кој мора да преизнаеме дека изгледа одлично.