Стил на денот: Џенифер Лопез изгледа божествено во бел фустан и ултра високи сандали

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

„Поубава е затоа што ја обнови врската со Бен Афлек“, „Изгледа поубаво откако ја раскина свршувачката со Родригез“,  „Божица“, „Убавица“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (51) беше фотографирана додека одеше на семеен ручек во Мајами, а по тој повод носеше нереално скап фустан кој изгледа божествено.

Имено, познатата пејачка беше фотографирана додека излегуваше од својот скап автомобил во фустан „Емилио Пучи“ кој чини 18.682 долари.

Во комбинација со фустанот латино дивата носеше беж високи потпетици со платформа и црвена чанта, а изгледот го надополни со дискретен накит.

Нејзиниот фустан се вееше на ветрот, па во еден момент можеше да се забележат нејзините затегнати нозе и дискретно деколте.


извор:telegraf.rs
фото:profimedia

Поврзани вести: