Стил // Стил на денот
Стил на денот: Џенифер Лопез во тренди сандали во какви ретко ја гледаме
Латино дивата Џенифер Лопез последните неколку дена ги минува во Хемптонс со Бен Афлек и со нејзината помала сестра Линда.
Сестрите ги искористија деновите во Хемптонс и прошетаа низ неговите улици, а повторно вниманието го привлече дивата со одличната летна комбинација.
Лежерниот фустан со макси должина одлично ѝ прилека, моделот и материјалот на фустанот е совршен за високите летни температури.
Овој стајлинг пејачката го искомбинира со трендот број еден за сезонава, „танга“ сандали. Имено, токму овој модел е еден од најголемите летни хитови, кога се обувките во прашање, а многумина предвидуваат и дека ќе биде популарен и наредната година.
Фото: PROFIMEDIA/Инстаграм/Џенифер Лопез