Стил на денот: Џорџина Родригез во асиметричен фустан кој ги истакна нејзините облини

Добивај вести на Viber

Канскиот филмски фестивал не е само сцена за нови филмски достигнувања, туку и за автентистичнифустани и други модни комбинации на славни личности. Така Џорџина Родригез пристигна на една од премиерите

Оваа година меѓу ѕвездите на Канскиот фестивал беше и манекенката Џорџина Родригез (27), попозната како свршеница на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (36). Таа е исто така мајка на неговото најмало дете од неговите четири деца, ќерката Алана Мартина (3).

Родригез нема силна врска со филмскиот свет, но бидејќи е во врска со еден од најпопуларните фудбалери во светот, успеа да создаде бренд од себе и да стане заштитно лице на повеќе модни кампањи.

Џорџина се појави на црвениот тепих за премиерата на филмот „Франција“ на режисерот Бруно Думонт (63) во долг кафеаво-чоколаден фустан. Тесниот фустан со високо деколте над бутот ги истакна сите нејзини облини.

Асиметричниот фустан со потпис на францускиот дизајнер Жан Пол Готје (69) е посебен поради кожните детали, кои ги красат рамото и торзото на фустанот. Има и кожни ресни над процепите на фустанот.

Стил на денот: Џорџина Родригез во асиметричен фустан кој ги истакна нејзините облини



Изгледот го надополни со светли сандали со високи потпетици, кружни обетки „Чопард“, како и прстени на двете раце, вклучувајќи го и нејзиниот веренички прстен. Таа ја собра косата во висока опашка и имаше нежна шминка.

Овој класичен модел на фустан со длабоко деколте, наводно, е еден од омилените на манекенката, но некои експерти сметаат дека тоа не е за неа и дека треба да се држи подалеку од процепите.


Фото: Инстаграм/Џорџина Родригез

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Атрактивната девојка на Кристијано Роналдо, во гламурозен фустан со длабоко деколте и шлиц