Стил на денот: Елена Ристеска – „Она што го носиш на себе не те дефинира како личност... Но, секогаш е добро чувството кога си убаво облечен“

Позната пејачка Елена Ристеска неодамна на еден настан се појави во несекојдневна комбинација која ги воодушеви сите. На себе носеше бело сако фустан во комбинација со златни чевли, мини златна ташничка и накит. Косата затегната во висока пунџа, а целиот стајлинг го заокружи со убава шминка и црвен кармин.

Како и секогаш Елена изгледаше беспрекорно, но сепак, како што би рекла таа – „Облеката не те дефинира. Твојата личност и како се однесуваш го прави тоа. Но, секогаш е добро чувството кога си убаво облечен, тоа ја зајакнува твојата самодоверба.“


Фото: elenaristeska/instagram