Стил на денот: Елена Стефановска во изглед за кој ќе речете- ТОА е ТОА

Добивај вести на Viber

Водителката Елена Стефановска важи за личност која секогаш е убаво облечена. Не само убаво, туку и стилски добро усоглаено. Често ја гледаме во воодушевувачки креации, па така е и овој пат. Она што го носи навистина ѝ прилега фантастично. 

Се работи за фустан која следи линијата на телото, има крој како кошула (само во долго издание) во средината се забележува ремен, а Стефановска го искомбинирала со чанта во иста боја како и фустанот и сандали со ситни кристалчиња. Полн погодок!

Фото: Инстаграм