Стил на денот: Фустанот на првата дама на Америка од отворањето на Олимписките игри одговара за секоја жена

Добивај вести на Viber

Џил Бајден блесна на отворањето на ОИ.

Првата дама на Америка, Џил Бајден (70) се појави на свеченото отворање на Олимписките игри во Токио во бел фустан со точки.

Фустанот што го носеше сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, е дело на дизајнерската куќа „Брендон Максвел“, а за оваа пригода, Џил избра да го комбинира со долг накит во форма на бели монистра.

Стајлингот го заокружи со чанта потпишана од „Ларууд“, носеше и заштитна маска.