Стил на денот: Хероините од „Сексот и градот“ демонстрираат смел деловен изглед
фото: ПРОФИМЕДИЈА
Новата сезона на планетарно популарната серија „Сексот и градот“ веќе се снима, а главните хероини ни дозволија преку фотогарфии да видиме како ќе изгледат во некоја од сцените.
Една од клучните работи во серијата е промената на главната стилистка Патриша Филд, која беше заменета со искусната Моли Роџерс, и таа ја прифати соработката на задоволство на Сара Џесика Паркер, Кристин и Синтија.
Новите фотографии од сетот го обиколија светот со брзина на светлината, а она што публиката веднаш го забележа беше совршениот стајлинг, локации и позитивна енергија меѓу актерките.
Славната Кери Бредшо го водеше „главниот збор“ како и обично, во ултра високи потпетици, ефективно здолниште и невообичаена чанта која одлично се вклопува со целиот стајлинг.
Синтија изгледа фантастично во бели панталони и кошула - полн погодок за на работа и деловни прилики.
И Кристин воодушевува со смелиот деловен изглед исто така.