Стил на денот: Ирина Шајк со стајлинг во крем боја на прошетка со ќерката Леа

Добивај вести на Viber

По завршувањето на карантинот во Њујорк, Ирина Шајк редовно ги радува обожавателите со новите street style изгледи. Секое појавување на ѕвездата го следи големото внимание на папараците, кои буквално ја прогонуваат манекенката.


Викендов, Ирина повторно е фотографирана од страна на папарацо додека шетала со ќерката Леа. И покрај студеното време и дождот, Ирина избрала стајлинг кој е многу атрактивен иако не е баш најпрактичен.

Играјќи се со контрастите, познатата 35 годишна манекенка комбинирала две бои - црна и млечно бела. Се одлучила за црна ролка, панталони со широки ногавици и предимензиониран капут со идеален крој и спуштена линија на раменици и големи џебови.


Целиот изглед го збогатила со црни робусни чизми, црна капа, очила и маска.


Photo Credit: Ulices Ramales / BACKGRID- vogue.com + © Getty Images + Christopfer Peterson/Splach news.com -Dailymeil

Погледнете ги и овие вести поврзани со Ирина Шајк:

Ирина Шајк не знае да погреши: Уште една нејзина комбинација за чиста 10 - ка

(ФОТО) Конфузно и дискутабилно: Дали би се облекле како Ирина Шајк?