Стил на денот: Јелена Розга во новиот модел сандали на „Валентино“ од 600 евра
Популарната пејачка
од Сплит Јелена Розга ги поминува жешките летни ноќи во родниот град, а за
своите активности ги известува фановите преку социјалната мрежа Инстаграм.
Она што ги привлече сите на последната фотографија, заедно со беспрекорниот стајлинг, е најновиот модел на сандали „Валентино“, чија цена се движи од 600 до 1.000 евра, а за која многу славни дами „би му ја продале душата на ѓаволот“ за да ги поседуваат во нивната колекција.
На десетгодишнината од лансирањето, сега веќе своевиден класик, моделот сандали Rockstud, кои со години беа задолжителен дел од колекцијата на чевли на секоја дама што ја следи модата, Валентино го издаде најновиот модел наречен Roman stud.
Новиот модел на чевли е изработен од 100% италијанска кожа, а се карактеризира и со препознатлива форма на „Т“ ремени украсени со метални детали. Овие сандали станаа апсолутен хит во светот, а веднаш ги носеа Оливија Кулпо и познатата „Кардашијан“ Кајли Џенер.
Не се сомневаме дека сандалите што можеме да ги купиме со рамен ѓон, како и со висока потпетица, ќе станат апсолутен хит и на нашите простори.
Фото: Инстаграм/Јелена Розга