Стил // Стил на денот
Стил на денот: Каролина Гочева во сензуален свилен фустан со длабок шлиц и деколте
Откако пред само неколку дена прослави годишнина со својот сопруг Михаил, пејачката Каролина Гочева замина на одмор на рајска дестинација.
За вечерните излегувања македонската пејачка ги следи светските трендови. Имено објави фотографии во сензуален свилен фустан во црна боја, со длабок шлиц кој ги откри нејзините долги нозе, искомбиниран со црнобели папучи.
Изгледот го надополни со минимално накит, а собраната коса и минималната шминка совршено одговараа со аутфитот.